|
Вести & Настани |
Комесарот за човекови права Хамарберг во посета за оценување на ситуацијата
со човековите права , 21.02.2008 Стразбур. Однесувањето на полицијата, правата на детето, малолетничката правда, како и мерките против дискриминација ќе бидат некои од главните теми кои Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг ќе ги проценува во текот на неговата официјална посета на државата во времетраење од пет дена, со почеток од понеделник, 25 февруари 2008 г. (нацрт програма) |
Презентација на упатството за надзор и мониторинг на затвори, 28 јануари 2008 година хотел Холидеј Ин, Скопје (нацрт програма) |
Регионален семинар за заштита и специјализирана поддршка за жртвите на домашно насилство, 11-12 септември 2007, Скопје. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Информативната канцеларија на Советот на Европа во Скопје организираше Регионален семинар за заштита и специјализирана поддршка од страна на полицијата, здравствените професионалци и социјални работници за жртви на домашно насилство во рамки на кампањата на Советот на Европа за Борба против насилството врз жените, вклучувајќи го и домашното насилство. На семинарот учествуваа околу 50 претставници на владата и претставници на невладиниот сектор од Југоисточна Европа (нацрт програма) |
Отворање на Инфо точка на Советот на Европа во Дебар. 3 јули 2007 година, Дебар (програма) |
Регионален семинар за насоките за хармонизирани стратегии за затворите, Скопје, 21 - 22 јуни 2007, Скопје. Регионален семинар на тема: Насоки за хармонизирани стратегии за затворите, организиран како дел од Заедничкиот проект на СЕ/ЕК "Развој на доследен и функционален затворски систем почитувајќи ги фундаменталните права и стандарди и јакнење на регионалната соработка во Западна Европа" (нацрт програма) |
Европска Комисија за Демократија преку Правото (Венецијанска Комисија), 19-20 јуни 2007, Скопје. Регионална средба на државни изборни комисии од Балканот организирана од Венецијанската Комисија (Совет на Европа) во соработка со Државната изборна комисија, АЦЕЕЕО и ИФЕС (нацрт програма) |
Саем на книгата и Денови на кариера и образование, 20 април 2007 година, Скопски саем (галерија на слики) |
|
|
|
|