Општи информации  
Институции
Прием во Советот на Европа  
Преглед на членството во Советот на Европа  
Договори  
Постојано претставништво во Советот на Европа  
Мисија  
Активности  
Преводи и Публикации
Заеднички Проекти на СЕ
Корисни иформации  
Контакти  
 
 
english | shquip | romanes | turkiye

Општи информации

Информативните канцеларии на Советот на Европа се основани со одлука на Комитетот на министри на барање на Владите. Нивна задача е да распространуваат информации за Советот на Европа, неговите активности и стандарди и да ги поддржуваат и промовираат иницијативите на организацијата во засегнатите држави. Информативната канцеларија на Советот на Европа во Скопје беше отворена на 7 април 1997 година.

Мисија

  • Помош на поединци, невладини организации и политички институции да стапат во контакт со Советот на Европа или да дојдат до информации за активностите на организацијата;
  • Директен придонес во спроведувањето на информативната стратегија на Советот на Европа;
  • Превод, печатење и распространување на текстови на Советот на Европа и други релевантни документи од посебно значење, подготовка на нови публикации, развивање и одржување на веб страница;
  • Организирање и учество во национални настани од европски интерес во име на Секретаријатот на Советот на Европа;
  • Придонес и поддршка во спроведувањето на програмите за соработка и други проекти на Советот на Европа во земјите домаќини.

Библиотека

Канцеларијата поседува импресивна колекција на публикации и документи подготвени од Советот на Европа, кои им се на располагање на сите посетители.
Колекцијата на Информативната канцеларија содржи бројни документи и публикации, вклучувајќи и периодични изданија. Обновувањето со нови публикации и документи се врши на четири месеци. Посетителите истовремено можат да ги консултираат публикациите, аудио-визуелните материјали, календари на настани на Советот на Европа, записници од сесии и соопштенија за јавноста. Повеќето од публикациите се на англиски или француски јазик, официјалните јазици на Советот на Европа.
Покрај постојаната колекција, Информативната канцеларија нуди различни информативни брошури на Советот на Европа, кои посетителите можат да ги подигнат.


 

EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
Latest judgments and hearings

TREATIES
Latest signatures and ratifications

  Information Office of The Council of Europe - Skopje