Институции
Прием во Советот на Европа  
Преглед на членството во Советот на Европа  
Договори  
Постојано претставништво во Советот на Европа  
Мисија  
Активности  
Преводи и Публикации
Заеднички Проекти на СЕ
Корисни иформации  
Контакти  
 
 
english | shquip | romanes | turkiye

Европското знаме
Што е што
Важни датуми

Симбол за цела Европа
Се вее низ нашиот континет, синото знаме со 12 златни ѕвезди.

Уште од неговото усвојување од страна на 14-те земји членки на Советот на Европа во 1955 година, европското знаме претставува израз на волјата на сe поголем број земји и луѓе да работат заедно за да изградат мир и напредок на континентот кадешто преовладуваат заедничките вредности на демократијата, човековите права и владеење на правото и каде разликите се почитуваат.

Во 1986 година, Европската заедница (сега Европска Унија) го усвои истото знаме, користејќи ги своите политички и институционални методи за остварување на истата фундаманетална цел.

Веејќи се покрај националните знамиња, пред градските Собранија и регионалните и националните политички институции низ Европа, сино-златното знаме не само што го одбележува присуството на европските институции во Стразбур, Брисел и Луксембург, туку и претставува симбол на европското присуство во целиот свет.

Европското знаме
По своето основање во 1949 година, Советот на Европа брзо ја сфати потребата од симбол кој што ќе ја покаже неговата заложба за европско единство. Европското знаме, прифатено во 1955 година, ги претставува идеите за европското единство и идентитет. Европската Унија го користи истото знаме уште од 1986 година.

Како се родија дванаесетте ѕвезди

Идејата за европското знаме датира уште од почетокот на 1920 година. Ниту еден од двата кандидати, Каунт Куденхоув – пан европско знаме, жолт круг со црвен крст на сина позадина, и предлогот на Европското движење – зелено Е на бела позадина, не добија доволна поддршка и не претставуваа сероизен обид за промовирање на идеата за знамето, се додека Советот на Европа не стана првата официјална политичка организација во 1949 година.

На почетокот на 50-тите години, различни експертски групи, одбори и комитети ги разгледуваа бројните предлози од различни уметници, хералдички експерти и аматери-ентузијасти од целиот свет, без да донесат било каква одлука.

Во април 1955 година, Комитетот на министри при Советот на Европа, се определи за 2 дизајнерски идеи. Првата беше на Арсен Хајц, вработен во Советот на Европа, “круна со 12 петтокраки ѕвезди, пришто нивните врвови не се допираат” и втората, костелација од ѕвезди предложена од Салвадор де Мадариага.

Во декември 1955 година, по одобрението од Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комитетот на министри конечно ја прифати првата идеја. Сите европски институции побрзаа да ја прифатат истата. Инаугурацијата се случи во Париз во замокот де ла Мует на 13 декември 1955 година од страна на Комитетот на министри. Знамето сега стана официјално.

Моќен симбол

Кругот со дванаесет златни ѕвезди поставен на сина позадина ги симболизира народите на Европа и нивната обединетост. Бројот на ѕвездите е непроменлив – тој е секогаш дванаесет и ги означува идеалите на обединетост и хармонија, потсетувајќи на месеците од годината и дванаесете зодијачки знаци.

Знамето се здоби со јавно одобрување низ цела Европа. На Универзалната изложба во Брисел во 1958 година беше поставено на зградите на јавни институции низ целиот град.

Симбол за цела Европа
Во 1983 година Европскиот парламент, како тело на Европската Унија, го прифати знамето на Советот на Европа и предложи истото да стане симбол на Европската заедница. По оддобрението од Советот на Европа, во јуни 1985 година, Европскиот Совет (самит на Европската Унија) ја даде својата формална поддршка.

Од 1986 година, Советот на Европа и Европската заедница (Европска Унија по договорот во Мастрихт) се претставени со Европското знаме и амблем. Знамето претставено со дванаесет златни ѕвезди на сина позадина сега претставува највисок симбол на европскиот идентитет и на европската обединетост.

Европска химна

Во 1971 година, Парламентарното собрание одлучи да ја предложи увертирата на Одата на радоста од Бетовеновата Деветта синфонија како европска химна. Комитетот на министри, неколку месеци покасно ја даде својата поддршка. Музичкиот аранжман на химната беше подготвен од Херберт фон Карајан, кој го адаптираше за оркестар и ја диригирање изведбата за официјалното снимање. Химната беше промовирана преку голема информативна кампања на денот на Европа во 1972 година. Таа, исто така беше прифатена и од Европската заедница во 1986 година, станувајќи уште еден заеднички симбол за сите европјани.

Што е што?
Совет на Европа:
Меѓународна организација во Стразбур составена од 47 демократски држави од Европа. Основана е со цел да промовира демократија, да ги штити човековите права и владеењето на правото во Европа.
Европски совет:
Редовни средби (најмалку два пати годишно) на шефови на држави и влади од земјите членки на Европската Унија со цел да се испланира политиката на ЕУ.
Парламентарно собрание:
Заседавачко тело на Советот на Европа, составено од 318 претставници (и ист број на заменици) назначени од 47 национални парламенти на земјите членки.
Европски парламент:
Парламентарно тело на Европската Унија составено од 785 европски претставници на 27-те земји членки од Европската Унија, избрани на општи избори.
Европска комисија за човекови права:
Се до ноември 1998 година ова меѓународно тело ја разгледуваше допуштеноста на сите индивидуални или државни жалби против земја членка во согласност со Европската конвенција за човекови права; даваше мислења за повредите наведени во жалбите на допуштените случаи коишто не беа спогодбено разрешени.
Европска комисија:
Извршно тело на Европската Унија, со локација во Брисел, коешто ја надгледува правилната примена на договорите на Унијата и на одлуките на нејзините институции.
Европски суд за човекови права:
Лоциран во Стразбур, ова е единственото судско тело создадено од Европската конвенција за човекови права. Составен е од по еден судија од секоја земја членка на Конвенцијата и се грижи земјите потписнички да ги почитуваат нивните обврски што произлегуваат од конвенцијата. Од ноември 1998, Судот работи на постојана основа.
Суд за правда на Европските заедници:
Заседава во Луксембург и се грижи за усогласување на правото во интерпретацијата и примената на Европските договори на Европската Унија.
Меѓународен суд на правда:
Судско тело на Обединетите Нации кое заседава во Хаг.
Европска конвенција за човекови права:
Договор со кој земјите членки на Советот на Европа се обврзуваат да ги почитуваат фундаменталните слободи и права.
Универзална декларација за човекови права:
Донесена од Обединетите Нации во 1948 година со цел да ја зајакне заштитата на човековите права на меѓународно ниво.
мај 2007 г.

Важни датуми

5 мај 1949
Лондонски договор, со кој е основан Советот на Европа, потпишан од 10 земји: Белгија, Данска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија.

4 ноември 1950
Во Рим е потпишана Конвенцијата за заштита на човековите права и фундаментални слободи на Советот на Европа–прв меѓународен правен инструмент кој ги штити човечките права.

19 декември 1954
Потпишана е Европската културна конвенција, со која се формира рамката за работата на Советот на Европа на полето на образованието, културата, млади и спортот.

16 април 1956
Фондот за реконструкција (сега Банка за развој на Советот на Европа) беше создаден да им помага на земјите членки во остварување на социјални проекти.

12 јануари 1957
Основана е Постојаната конференција на локални и регионални власти на Европа (сега Конгрес на Локални и регионални власти) од страна на Советот на Европа за да ги обедини претставниците на локалните и регионалните власти.

18 септември 1959
Основан е Европскиот суд за човекови права во Стразбур, предвиден со Европската конвенција за човекови права, со цел да обезбеди остварување на обврските превземени од земјите потписнички.

18 октомври 1961
Потпишана е Социјалната повелба на Советот на Европа во Торино како економски и социјален двојник на Европската конвенција за човековите права.

1 јуни 1972
Отворен е првиот Европски младински центар на Совет на Европа во Стразбур (Франција).

27 март 1980
Советот на Европа ја основа Помпиду групата како мулти-дисциплинарен форум за меѓуминистерска соработка против употреба и трговија со дрога.

26 ноември 1987
Потпишана е Европската конвенција за превенција на тортура и нечовечко и деградирачко однесување или казнување, подготвена од Советот на Европа.

8 јуни 1989
Воведен е статусот на специјален гостин во Парламентарното собрание на Советот за да се оствари поблиска врска со парламентите на новите земји членки кои напредуваат кон демократија.

30 април 1990
Отворен е Центарот Север/Југ на Советот на Европа во Лисабон (Португалија).

10 May 1990
Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска Комисија) е формирана од Советот за да се занимава со правните гаранции на демократија.

6 ноември 1990
Прием на првата држава од поранешниот советски блок: Унгарија.

септември 1991
Се воведуваат Европските денови на наследство, со подршка на Европската Унија.

8 и 9 октомври 1993
Првиот самит на Советот на Европа на шефови на држави и влади, одржан во Виена (Австрија), донесува декларација со која ја потврдува пан-европската вокација и поставува нови политички приоритети за заштита на националните малцинства и борба против сите форми на расизам, ксенофобија и нетолерантност.

17 јануари 1994
Конгресот на локални и регионални власти на Европа (КЛРВЕ) е основан од страна на Комитетот на министри за да ја замени Постојаната конференција на локални и регионални власти на Европа.

1 фебруари 1995
Потпишана е Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, изготвена од Советот на Европа.

9 ноември 1995
“Поранешната Jугословенска Република Македонија” се приклучи кон Советот на Европа.

15 декември 1995
Отворен е Вториот младински центар на Совет на Европа во Будимпешта (Унгарија).

28 февруари 1996
Русија се приклучува кон Советот на Европа.

4 април 1997
Потпишана е Европската конвенција за човекови права и биомедицина.

10 и 11 октомври 1997
Се одржа вториот Самит на шефови на држави и влади на Совет на Европа во Стразбур (Франција).

12 јануари 1998
Потпишан е дополнителен протокол на Европската конвенција за човекови права и биомедицина со кој се забранува клонирање на човечки суштества.

1 ноември 1998
Со протоколот бр. 11 кон Европската конвенција за човековои права е создаден еден постојан суд за човекови права во Стразбур.

5 мај 1999
50 годишнина од основањето на Советот на Европа.

4 ноември 2000
50 години од потпишувањето на Европската конвенција за човекови права.

25 јануари 2001
Ерменија и Азербејџан се придружија кон Советот на Европа.

23 ноември 2001
Потпишана е Конвенцијата за Компјутерски криминал.

24 април 2002
Босна и Херцеговина пристапува кон Советот на Европа.

2 мај 2002
Потпишан е протоколот бр. 13 кон Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува смртната казна.

15 јули 2002
Усвоени се “Упатства за човекови права и борба против тероризам“.

28 јануари 2003
Потпишан е дополнителниот протокол кон Конвенцијата за компјутерски криминал, во врска со криминализацијата на дејства од расистичка и ксенофобна природа, извршени преку компјутерски системи.

3 април 2003
Србија и Црна Гора пристапува кон Советот на Европа.

15 мај 2003
Потпишан е протокол кон Европската конвенција за супресија на тероризам.

5 октомври 2004
Монако пристапува кон Советот на Европа.

15 и 16 мај 2005
Трет Самит на шефови на држави и влади на Совет на Европа одржан во Варшава, Полска.

13 декември 2005
50 години од Европското знаме.

11 мај 2007
Црна Гора стана 47-ма земја членка на Советот на Европа.




 

EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
Latest judgments and hearings

TREATIES
Latest signatures and ratifications

  Information Office of The Council of Europe - Skopje